Достапни линкови

Преговарачот за името Јолевски ќе се сретне со Груевски и Иванов


Македонскиот претставник во разговорите за спорот со името со Грција амбасадорот Зоран Јолевски e во Скопје, каде ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски. Јолевски со нив ќе се консултира за позицијата на Македонија за проблемот пред средбата со посредникот на ОН Метју Нимиц и грчкиот преговарач Адемантиос Василакис на 9 февруари во Њујорк.
Иванов на лидерската средба изјави дека очекува од Јолевски да биде информиран за евентуалните нови моменти пред новата рунда разговори. Според Иванов ставот за името останува ист, решението да се бара во рамките на ОН и усвоените резолуции.
Груевски смета дека дека грчката страна се уште го оспорува македонскиот јазик и македонскиот идентитет.
XS
SM
MD
LG