Достапни линкови

Терористички напад на московскиот аеродром Домодедово


Аеродромот Домодедово

Аеродромот Домодедово

Москва се соочува со терористички напад во кој во напад на бомбаш самоубиец загинаа најмалку 35, а беа ранети над 150 луѓе

Најмалку 35 лице загинаа, а над 150 се повредени при експлозија на бомба на најфрекфетнтниот московски аеродром Домодедово.

Според руската истражна комисија нападот се случил на секторот за меѓународни слетувања, а бомбашот-самоубиец го активирал експлозивот во оделот каде што пристигнува багажот на патниците.

Новинската агенција Интерфакс ги цитираше медицинските лица кои, според првичните информации, соопштиле дека загинаа 35 лица. Портпаролот на Руската федерална агенција за авиотранспорт Сергеј Изволски потврди дека се случила несреќа на аеродромот.


„Денеска во 16:37 се случи експлозија на оделот за меѓународни пристигнувања на аеродромот Домодедово, при што има жртви и повредени“, изјави Сергеј Изволски.

Еден од очевидците Сергеј Лавошкин се наоѓал во близина на експлозијата.

„ Јас бев 30 или 40 метри одалечен од местото на експлозијата. Слушнав гласно викање и видов како некои пластични плочки паѓаат од покривот. Слушнав врисоци и видов чад. Имаше паника и луѓето кои седеа, почнаа да бегаат“, изјави Лавошкин.

Рускиот претседател Дмитри Медведев ги повика сите аеродроми и железнички станици низ земјата да бидат во состојба на готовност.

„Треба да воспоставиме специјален безбедносен режим на сите аеродроми и другите големи транспортни центи“, изјави рускиот претседател Дмитри Медведев.

Од истражната комисија соопштија дека е отворена истрага за случајот за кој постои сомневање дека е терористички напад.

Зголемени се и безбедносните мерки низ рускиот главен град. Ова е напад со најмногу жртви во Москва во последниве шест години.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG