Достапни линкови

Во експлозија на московскиот аеродром Домодедово 31 жртва


Московскиот аеродром Домодедово

Московскиот аеродром Домодедово

Најмалку 31 лице загинало, а 130 се повредени кога бомбаш самоубиец го активирал експлозивот на московскиот аеродром Домодедово. Според руската истражна комисија нападот се случил на секторот за меѓународни слетувања, каде што пристигнува багажот на патниците. Владимир Маркин од комисијата изјави дека е отворена истрага за случајот за кој постои сомневање дека е терористички напад.
Новинската агенција Интерфакс ги цитираше медицинските лица според кои 31 лице загинало. Нападот е најсмртоносниот во Москва во последниве шест години.
XS
SM
MD
LG