Достапни линкови

Расмусен со Каримов ќе разговара за човековите права


Андерс Фог Расмусен

Андерс Фог Расмусен

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен пред денешната средба со узбекистанскиот претседател Ислам Каримов во Брисел изјави дека една од темите на разговорот ќе биде и почитувањето на човековите права. Адвокатите за човекови права ја оспорија одлуката на официјалните лица од Брисел за средба со Каримов, бидејќи Узбекистан е секогаш на дното на извештаите на организациите за човекови права.
Каримов ќе се сретне и со претседателот на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо. Пред зградата на институцијата денеска мала група на активисти, меѓу која и припадници на Амнести Интернешнел протестираат против посетата на Каримов.
XS
SM
MD
LG