Достапни линкови

Францускиот претседател Саркози ги претстави целите на Г20


Францускиот претседател Никола Саркози

Францускиот претседател Никола Саркози

Францускиот претседател Никола Саркози денеска повика на отворена дискусија за реформите во монетарната политика и регрупирање на стоковите пазари во групата на економските сили Г20. Саркози кој ги презентираше целите на Франција како овогодишен преседавач на Г20 изјави дека кога цените на земјоделските производи во 2008 година ја надминале највисокот точка тоа предизвикало нереди.
Според Саркози доколку не се реагира навремено може повторно да се појават немири во сиромашните земји, поради ефектот од глобалниот економски раст.
Саркози побара и воведување на меѓународни даноци за финансиските трансакции за да се соберат 100 милијарди долари во фондовите за развој.
XS
SM
MD
LG