Достапни линкови

Норвешката граѓанка на годината ќе биде протерана од земјата


Мадина Саламова

Мадина Саламова

Норвешката полиција соопшти денеска дека руската државјанка која беше прогласена за граѓанин на годината во Норвешка по пишувањето за нејзиниот живот како илегален имигрант се соочува со протерување од земјата.
Според соопштението на полицијата Мадина Саламова која потекнува од Северна Осетија е уапсена денеска и ќе биде што побрзо протерана во Русија. Саламова живеела нелагално во Норвешка од 2004 година кога барањето за азил на нејзиното семејство било одбиено.
Под псевдонимот Марија Амели таа издаде книга Илегалната Норвежанка, која доживеа успех во земјата.
XS
SM
MD
LG