Достапни линкови

Албанскиот премиер Бериша ги одложи протестите


Албанскиот премиер Сали Бериша

Албанскиот премиер Сали Бериша

Албанскиот премиер Сали Бериша изјави денеска дека поради притисокот од дипломатските претставници на пријателските земји ги одложиле протестите на неговата Демократска партија и наместо во среда тие ќе се одржат во сабота.
Според Бериша протестите ќе бидат мирни и против насилството во корист на граѓаниските вредности.
Лидерот на опозициската Социјалистичка партија Еди Рама најави нови протести против власта во петок. При насилните демонстрации во претходната недела загинаа 3 луѓе, а беа повредени околу 150.
XS
SM
MD
LG