Достапни линкови

Турција го обвинува Израел за инцидентот на бродот за Газа


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турција денеска објави резиме од официјалниот извештај за инцидентот на бродот кој носеше помош за Појасот Газа, кога израелските сили убија девет турски активисти. Израелските власти вчера соопштија дека тие реагирале според меѓународниот закон и во самоодбрана.
Според турскиот прмеиер Реџеп Таип Ердоган извештајот на Израел нема вредност и кредибилтет. Турските власти сметаат дека израелските војници употребиле прекумерна сила против цивили и го прекршиле правото на пловидба на отворено море.
XS
SM
MD
LG