Достапни линкови

Рускиот заменик министер Риабков во посета на Пакистан


Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Риабков

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Риабков денеска ги започна дводневните разговори со пакистанските владини лица во Исламабад. На средбите е во план тие да разговараат за борбата против исламските борци и спречување на ширењето на нуклеарното оружје. Русија е загрижена дека исламските екстремисти на пакистанско-авганистанската граница имаат врски со милитантите во Северен Кавказ, како и во Централна Азија.
Тие ќе се осврнат и на соработката против трговијата со дрога која од Авганистан се трнаспортира преку Пакистан до Иран и Европа.
XS
SM
MD
LG