Достапни линкови

Обесени двајца политички активисти во Техеран



Двајца ирански политички активисти биле обесени денеска во Техеран, јавија локалните медиуми. Според соопштението од јавното обвинителство во Техеран, Џафар Каземи и Мухамед Али Хаџагеи, биле обесени денеска поради поврзаност со иранската опозициона група во егзил, Народни муџахедини на Иран и учество во протестите во 2009-та година по претседателските избори. И во јануари, минатата година беа обесени двајца активисти заради инволвираност во пост-изборните протести.
XS
SM
MD
LG