Достапни линкови

logo-print

Узбекистанскиот претседател во посета на Брисел


Узбекистанскиот претседател Ислам Каримов

Узбекистанскиот претседател Ислам Каримов

Узбекистанскиот претседател Ислам Каримов денеска треба да допатува во посета на Брисел каде што е предвидено да се сретне со челниците на НАТО и на ЕУ. Каримов ќе разговара со претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и со комесарот за енергетика Гунтер Отингер. Се очекува тие да потпишат Меморандум за разбирање во енергетската соработка и да разговараат за отворање на канцеларија на ЕУ во Ташкент. Каримов ќе се сретне и со генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен со кого треба да разговара за соработката на Узбекистан со НАТО во операциите во соседен Авганистан.
Организациите за заштита на човековите права се противат на посетата на Каримов на Брисел. Тие најавија протести во Брисел во знак на подршка на узбекистанските активисти за човекови права.
XS
SM
MD
LG