Достапни линкови

logo-print

На референдумот во Јужен Судан „гласале“ повеќе од 100 отсто од луѓето


Лидерот на Јужен Судан, Салва Кир гласа на референдумот за независност на 9 јануари

Лидерот на Јужен Судан, Салва Кир гласа на референдумот за независност на 9 јануари

Изборните власти во Јужен Судан соопштија дека некои гласачки ливчиња од референдумот за независност се запленети поради тоа што на одредени гласачки места, на гласање „излегле“ повеќе од 100 отсто од регистрираните избирачи. Во Изборната комисија велат дека дури и да се поништат гласовите каде што има забележана „преголема излезност“, тоа нема да ги смени резултатите од референдумот што се одржа од 9 до 15 јануари. Според досегашните податоци, 98,8 отсто од луѓето гласале за независност на Јужен Судан.
XS
SM
MD
LG