Достапни линкови

Анкета во Русија дали да биде погребан Ленин


Црвениот плоштад во Русија

Црвениот плоштад во Русија

Партијата за обединета Русија ќе се спроведе анкета на која граѓаните во земјата ќе треба да се изјаснат дали е време да биде погребан Владимир Ленин. Балсамираното тело на основачот на Советскиот Сојуз се уште е јавно изложено во мавзолеумот на Црвениот плоштад, речиси 20 години по колапсот на комунизмот во земјата.
Прашањето се покренува секоја година пред годишнината од неговата смрт на 21 јануари во 1924 година. Се уште нема информации дали владата ќе ги прифати резултатите од анкетата, но премиерот Владимир Путин изјави дека за судбината на Ленин ќе решава народот.
XS
SM
MD
LG