Достапни линкови

Бројката на жртви во Бразил се искачи на 803 лица


Раката на жртва при лизгањето на земјиште во Бразил

Раката на жртва при лизгањето на земјиште во Бразил

Официјалната бројка на жртви од лизгањето на земјиштето во Бразил денеска се искачи на 803 лица. Според податоците на Националната агенција за цивилна одбрана и Министерството за здравство во најпогодениот град Нова Фибурго во близина на Рио де Женеиро имало 389 жртви, а во соседниот град Тересополис 324. Во другите градови како Перополис бројката сега изнесува 65 мртви, а 22 во Сумидоуро.
Три тела биле откриени и во други градови во близина.
XS
SM
MD
LG