Достапни линкови

logo-print

Салехи нов министер за надворешни работи на Иран?


Али Акбар Салехи

Али Акбар Салехи

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска го повика Парламентот да ја прифати номинацијата на шефот за атомска енергија Али Акбар Салехи за функцијата министер за надворешни работи. Салехи е креторот на надворешната политика на земјата, откако Ахмадинеџад во декемрви го отпушти Манучер Мотаки.
Иранската нуклеарна програма е едно од најважните прашања во надворешната политика на земјата, бидејќи светските сили го обвинуваат Техеран дека се обидува да произведе нуклеарно опужје.
XS
SM
MD
LG