Достапни линкови

Серија бомбашки напади во Ирак


Во серија на бомбашки напади денеска во Багдад загинале најмалку 8 луѓе, а 33 се повредени. Ирачките власти соопштија дека на два автомобила бомби мета им биле полициските патроли, при што загинал полицаец и случаен минувач. Во експлозија на друг автомобил бомба бил убиен еден фармер и неговиот син, а при експлозија на бомба поставена покрај пат настрадал автобус во кој се возеле свештеници, при што еден од нив загинал, а 9 биле повредени. Во бомбашки напад на училиште настрадало едно седумгодишно момче.
Според владините лица со бомбашките напади се испраќа порака дека Ирак не е безбеден пред одржувањето на Самитот на арапската лига во март.
XS
SM
MD
LG