Достапни линкови

Музејот на вода (не)профитабилен?


Музејот на вода во Градиште,

Музејот на вода во Градиште,

Повеќе од шест милиони денари досега се инкасирани од посетата на Музејот на вода во Охридското Езеро. Локалната власт, пак, обвинува дека владата потрошила премногу пари за проектот, наместо да ги вложи во други поважни инвестиции за Охрид.

Новата туристичка атракција на Охридското Езеро, праисторискиот град и музејот на вода во Градиште, комплекс на источното крајбрежје кај Пештани, со реконструираната наколна населба до сега има примено 70-тина илјади посетители, гости од земјава и странски туристи, од што преку влезници, угостителски и трговски услуги се инкасирани 6,5 милиони денари.
Со тие пари можеше целосно да се заокружи колекторот, да се изгради тој и во Радожда, можеше минимум две фабрики во Охрид да
проработат.

„Со археолошките подводни истражувања, први во Македонија констатиравме една населба која мораше само вака да се реконструира, не може поинаку. Констатиравме 10.000 остатоци од дрвени колци, евидентиравме 6.000, а поставивме 3.346 колци, врз кои направивме платформа, каде успеавме да ги поставиме сите куќички кои тука функционирале во разни периоди, кога егзистрирале 24 вакви куќички и
ние тоа го направивме сега“, вели Паско Кузман, директор на Управата за
заштита на културното наследство.

Заводот, задно со Министерството за култура и Охридскиот Завод и музеј, комплексот во заливот на коските кај Мичов град го изгради со 3,5 милиони евра државни пари. Тоа во јавноста предизвика бура реакции, со образложение дека кога граѓаните живеат на работ на егзистенцијата, во немаштија и со многу реални проблеми, владата се расфрлува со проекти од културата, што ја преплавија државата и станаа нејзин најважен приоритет.

„Со тие пари можеше целосно да се заокружи колекторот, да се изгради тој и во Радожда, можеше минимум две фабрики во Охрид да проработат каде што илјада семејства ќе најдеа егзистенција, а можеше и патниот правец до Пештани кој е под државата и се распаѓа, да го реновираат. Но, не се слуша гласот на народот, не се слуша гласот на граѓаните на општина Охрид, изгледа некому му е поважна партиската програма од интересите на градот и на државата. Со тие пари можевме пет авио компании да донесеме на охридскиот аеродром, да субвенционираме секојдневно да летаат преку цела година во Охрид и сигурно дека тоа ќе донесе многу повеќе туристи, многу повеќе средства со кои ќе можеме да вложуваме и во вакви објекти“, вели градоначалникот на Охрид Александар Петрески.

Гостите кои индивидуално или организирано со екскурзии го посетуваат праисторискиот подводен град во Градиште се главно задоволни.

„Прв пат сум на едно вакво исклучително место, иако во Охрид сум бил повеќе пати. Многу ми се допаѓа, доста е автентично, добра е идејата, мислам дека кога повеќе ќе се дознае за него, ќе биде уште попосетено. Со друштво бевме во Свети Наум, го видовме кога поминавме од патот и дојдовме да го посетиме и навистина сме воодушеневи. Има слични вакви места низ светот, но ова е единственото автентично за овој дел од јужниот Балкан. Можеби недостасуваат повеќе водичи, историски податоци и простор за сместување, со што тоа би било туристички поискористено“, вели Љубиша Васиќ, гостин од Србија, посетител на Музејот на вода во Градиште.

Музејот беше пуштен во употреба кон крајот на 2008, а комплексот со нови куќарки на вода и други содржини беше заокружен есента 2010 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG