Достапни линкови

Груевски-ставот за името е објавен и познат во јавноста


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски денеска изјави дека ставот на владата и на неговата партија за проблемот со името е објавен и може да се најде во нивната програма, при што секој може да го прочита и да им го соопшти на граѓаните. Во однос на лустрацијата според Груевски тие ги предложиле измените во законот за да се продлабочат работите во откривањето на луѓето кои треба да бидат лустрирани за да се расчисти со темното минато на македонската историја. Груевски побара од лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски да објасни од каде знае дека во неговата партија немало соработници на тајната полиција.
XS
SM
MD
LG