Достапни линкови

Санадер жртва на политички мотивирано обвинение?


Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер изјави дека тој и неговото семејство се жртви на медиумски лов на вештерки и на клеветничка кампања и обвиненијата покренати против него се политички мотивирани.
Санадер во интервју за австрискиот весник „Салцбургер Нахрихтен“ изјави дека проблемот е во тоа што премиерот на Хрватска Јадранка Косор стравува дека тој може да ја преземе власта. Санадер е обвинет за корупција и беше уапсен на 10 декември во Австрија.
XS
SM
MD
LG