Достапни линкови

Обама-потребни се нови пазари за американските производи


Барак Обама со Ху Џинтао

Барак Обама со Ху Џинтао

Американскиот Претседател Барак Обама изјави денеска дека едно од клучните прашања за формирање на нови работни места во САД е отворањето на нови пазари за американските производи во светот.
Обама во редовното обраќање на нацијата преку интернет и радио изјави дека токму за таа тема разговарал и со неговиот кинески колега Ху Џинтао. Кинескиот Претседател се договорил со Обама за отварање на нови погони на кинески компании во САД во вредност од 45 милијарди долари. Според Обама договорот ќе овозможи вработување на 250 илјади американци.
XS
SM
MD
LG