Достапни линкови

На протестите во Тунис се вклучи и полицијата


Протестите во Тунис

Протестите во Тунис

Неколку стотина луѓе, меѓу кои и голем број на полицајци денеска протстираат во Тунис за промена на власта со која управуваат припадници на режимот на поранешниот Претседател Зине Ал Абидине Бен Али. Полицајците кои протестирале и во цивилка и во униформи пред зградата на владата се обиделе да го спречат пристапот на автомобилот на Претседателот Фуед Мембаза, но биле спречени од нивните колеги на должност.
Во Тунис секојдневно се одржуваат протести за оставка на новата влада за национално единство, која беше формирана по бегството на Бен Али.
XS
SM
MD
LG