Достапни линкови

logo-print

Средбата со светските сили за Иран без јасна и убедлива агенда


Шефот на иранската нуклеарна агенција Саед Џалили

Шефот на иранската нуклеарна агенција Саед Џалили

Иранскиот преговарач Аболфазл Зохреванд денеска изјави дека светските сили за жал немаат јасна и убедлива агенда на разговорите за нуклеарната програма на Иран, туку само сакаат да разговараат. Во Истанбул денеска се одржува вториот и последен ден од разговорите меѓу шесте светски сили и Иран. Дипломатите претходно соопштија дека во фокусот на разговорите е да се убеди Иран да префрли дел од збогатениот ураниум надвор од земјата во замена за збогатен ураниум од странство за потребите на медицинскиот нуклеарен центар во Техеран.
XS
SM
MD
LG