Достапни линкови

Разговори за иранската нуклеарна програма


Шефот на иранската нуклеарна агенција Саед Џалили во Истанбул

Шефот на иранската нуклеарна агенција Саед Џалили во Истанбул

Во Истанбул денеска се одржува вториот и последен ден од разговорите меѓу шестте светски сили и Иран. Според дипломатски извори, разговорите биле фокусирани врз убедувањето на Иран да префрли дел од збогатениот ураниум надвор од земјата во замена за збогатен ураниум од странство за потребите на медицинскиот нуклеарен центар во Техеран. Западните сили инсистираат на ваква замена поради страхувањето дека Иран збогатува ураниум за нуклеарно оружје. Разговорите во Истанбул ги водат шефот на иранската нуклеарна агенција Саед Џалили и шефот на европската дипломатија Кетрин Ештон.
XS
SM
MD
LG