Достапни линкови

Воена соработка меѓу Македонија и САД


Генерал потполковник Мирослав Стојановски

Генерал потполковник Мирослав Стојановски

На вчерашната средба во Пентагон меѓу началникот на Здружениот штаб на вооружените сили на САД, адмирал Мајкл Мулен и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал потполковник Мирослав Стојановски била констатирана добрата воената соработка меѓу двете земји. Извори од македонската делегација изјавија дека на средбата адмирал Мулен изразил разбирање за проблемот со името и повторил дека наскоро очекува членство во НАТО. Генерал Стојановски кој се наоѓа во неколкудневна посета на САД, претходно престојуваше во Канзас.
XS
SM
MD
LG