Достапни линкови

Втор ден од разговорите со Иран


Шефот на иранската нуклеарна агенција Саед Џалили и шефот на европската дипломатија Кетрин Ештон

Шефот на иранската нуклеарна агенција Саед Џалили и шефот на европската дипломатија Кетрин Ештон

Разговорите меѓу Иран и шестте светски сили се очекува да продолжат денеска во Истанбул. На вчерашниот почеток, според извештаите, не бил постигнат поголем напредок, односно двете страни останале на нивните позиции. Членот на иранската делегација Аболфази Зохреванд изјави дека исклучува секаква расправа за евентуално суспендирање на иранските активности за збогатување ураниум. Токму тоа е клучното барање на западните држави. Иран вели дека неговата нуклеарна програма е за мирни цели и оти има право да збогатува ураниум. Разговорите во Истанбул ги водат шефот на иранската нуклеарна агенција Саед Џалили и шефот на европската дипломатија Кетрин Ештон.
XS
SM
MD
LG