Достапни линкови

Меѓународната повици за смирување на ситуацијата во Албанија


Европската унија, ОБСЕ и Соединетите држави заеднички побараа смирување на ситуацијата во Албанија по загинувањето на тројца цивили и ранувањето на десетина други за време на судирите меѓу полицијата и демонстрантите кои протестираа против влдата во Тирана. Во заедничката изјава се изразува длабоко жалење за жртвите и воздржаност на сите страни од провокации. Повик за смирување на ситуацијата упати и американскиот Стејт департмент. Портпаролот Филип Кроули изјави дека граѓаните на Албанија заслужуваат повеќе од употреба на провокативна реторика. До насилствата дојде откако вчера илјадници приврзаници на опозиционата Социјалистичка партија во Тирана протестираа во Тирана со барање за оставка на владата.
XS
SM
MD
LG