Достапни линкови

logo-print

Германија со иницјатива за уставни промени во Босна


Ангела Меркел

Ангела Меркел

Германија покрена нова иницијатива за неформални разговори со политичките лидери во Босна и Херцеговина со цел прифаќање уставни реформи во таа балканска држава.
Во рамки на таа иницијатива веќе почна втор круг консултации во Берлин на лидерите и претставници на четири политички партии во БиХ со советници на германскиот канцелар Ангела Меркел. Дел од нив ќе имаат разговори со Меркел.
Во тие разговори на одвоени состаноци учествуваат претставници на Хрватската демократска заедница, Партијата за демократска акција, Социјалдемократската партија и Сојузот на независни социјалдемократи.
Такви и слични иницијативи имаше и во претходниот период, но без успех во „априлскиот пакет“, а потоа и во „бутмирски процес“ кои беа иницирани од САД и ЕУ.
XS
SM
MD
LG