Достапни линкови

Иванов - со лидерите се разменија информации за името


Иванов на Пелинце

Иванов на Пелинце

Во Јасен попладнево заврши средбата на претседателот Ѓорге Иванов и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груески, на СДСМ Бранко Црвенковски, на ДУИ Али Ахмети и на Нова демократија Имер Селмани.
На средбата, според претседателот Иванов, се расправало за интеграциите во НАТО и ЕУ и спорот за името, за одбележувањето на двете децении од назависноста и 10 години од Рамковниот договор, како и за одржувањето на претстојниот попис.
Премиерот Никола Груевски ги информирал за средбите со неговиот грчки колега Јоргос Папандреу. Иванов најави дека за прашањето за името ќе расправа и државниот врв на средба на која амбасадорот Ѓорѓи Јолевски ќе информира за евентуално нови моменти во пресрет на средбата со посредникот Метју Нимиц и грчкиот преговарач Адамантиос Василакис на 9 февруари во Њујорк.
Прашан за македонската позиција за името, шефот на државата нагласи дека таа е позната и секаде искажана, односно оти решението теба да се бара во рамките на ОН и усвоените резолуции. Секое излегување од таа рамка, посегнување по нашиот идентитет, отворањето на прашањето за името и за нашиот јазик, на некој начин го попречува наоѓањето решение. изјави Иванов.
XS
SM
MD
LG