Достапни линкови

Јапонците ќе градат голема Соларна Електрана во Бугарија


Во Бугарија ќе биде изградена голема соларна електроцентрала, а ќе ја градат Тошиба и Токиска електроенергија со учество на јапонската Влада во финансирањето.
Централата ќе биде изградена до март 2012 година во Јамбол, град во јужнa Бугарија. Проектот чини 1,2 милијарди евра.
Енергетскиот објект во почетокот ќе работи со капацитет од околу 50 мегавати, но во следните пет години ќе се зголеми на 250 илјади кв/часови. Партнер на Јапонците во Бугарија ќе биде чешката ОЕЗ група која ќе финансира 10 отсто.
XS
SM
MD
LG