Достапни линкови

logo-print

Фуере - потребно е лидерски средби да организира и Груевски


Ерван Фуере

Ерван Фуере

„Нема сомневање дека политичкиот дијалог во земјава бил слаб и затоа сме охрабрени од иницијативата што ја презема претстедателот на државата да оствари средба со политичките лидери“, изјави евроамбасадорот Ерван Фуере при денешниот престој во Прилеп.
Фуере очекува почести средби на лидерите на партите да организира и премиерот Груевски, што, според него, ќе помогне во создавањето клима на консензус за сите предизвици со кои се соочува Македонија.
За решавањето на проблемот со името евроамбасадорот и повтори дека од суштинскио значење да се најде компромисно решение кое ќе донесе многу придобивки за регионот, за економскиот развој, за просперитетот.
XS
SM
MD
LG