Достапни линкови

logo-print

Блер го занемарил правниот совет за Ирак


Тони Блер

Тони Блер

Поранешниот британски премиер Тони Блер денеска откри дека дал поддршка за воената опрација против режимот на Садам Хусеин и покрај законските пречки. На неговото второ појавување пред британската комисија која ја истражува неговата улога во инвазијата врз Ирак, Блер изјави дека го занемарил мислењето на неговиот правен советник дека нападот врз Ирак би бил нелегален без соодветна резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации. Во неговото прво обраќање пред една година тој изјави дека Хусеин бил закана за светот и затоа не жалел за воената операција за негово отстранување.
XS
SM
MD
LG