Достапни линкови

Припадници на ОВК осудени на 101 година затвор


Одделението за воени злосторства во Вишиот суд во Белград денеска осуди деветмина припадници на „Гњиланската група,, на ОВК на вкупно 101 година затвор. Имено, судот утврдил дека тие во 1999 година учестувале во палење куќи, убиство на 80 цивили од српска и други неалбански националности, како и во незаконско затворање на 153 цивили, кои потоа биле ослободени. Судењето почна во 2009 година, а во текот на главниот претрес беа сослушани 39 сведоци.
XS
SM
MD
LG