Достапни линкови

Почна лидерската средба во Јасен


Во ловниот дом во Јасен почна средбата на претседателот Ѓорге Иванов и лидерите на ВМРО ДПМНЕ Никола Груески, на СДСМ Бранко Црвенковски, на ДУИ Али Ахмети и на Нова демократија Имер Селмани. На средбата, како што беше соопштено од кабинетот на претседателот, ќе се разговара, меѓу другото, за приоритетите од Извештајот на Европската комисија за Македонија, за одбележувањето на двата важни годинашни јубилеја: две децении од назависноста и 10 години од Рамковниот договор, како и за одржувањето на претстојниот попис.
XS
SM
MD
LG