Достапни линкови

logo-print

Македонија ќе биде домаќин на Форумот „ЕУ - Западен Балкан“


Полска ја прифаќа иницијативата на Република Македонија, во текот на полското претседавање со ЕУ, во втората половина од годинава, Македонија да биде домаќин на Форумот „ЕУ-Западен Балкан“ на министрите за внатрешни работи и за правда.
Ова, меѓу другото, беше акцентирано на вчерашната билатерална средба на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска со нејзиниот полски колега, министерот Јержи Милер, на маргините од неформалниот состанок на министрите за правда и за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ, и на земјите кандидати за членство во Унијата, во Годоло, близу Будимпешта.
XS
SM
MD
LG