Достапни линкови

Подобрување на патната инфраструктура


Изградбата на Коридорот 10 и автопат од Приштина до македонската граница, ќе значат придобивки за целата економија.

Косово ќе гради автопат од Приштина до македонската граница во должина од 55 километри. Србските власти интензивно работат за комплетирање на сите предвидени зафати за изградба на Коридорот десет кој поминува низ земјава. Доколку Македонија ги искористи шансите да се поврзе со овие патни мрежи, ќе има придобивки за целата економија, се согласуваат
Помодерен пат што би ја поврзало Македонија со Косово би значело и поедноставно пристигнување на камионите односно на секој превоз што оди по друмски пат до морските пристаништа, како што се Драч или Бар
стопанствениците и транспортерите.
Митко Митевски од Стопанската комора на Македонија вели дека поврзувањето со патот кон Косово ќе обезбеди придобивки не само за транспортерите туку и за стопанството како целина.

,,Помодерен пат што би ја поврзало Македонија со Косово би значело и поедноставно пристигнување на камионите односно на секој превоз што оди по друмски пат до морските пристаништа, како што се Драч или Бар."

Поврзувањето кон мрежата и плановите за модернизација и проширување на патната инфраструктура во Македонија кај граничниот премин Блаце ќе биде корисно за земјава вели Билјана Муратовска, претседател на македонската асоцијација на транспортери „Макам Транс“. До сега земјава не успеа да ја искористи централната положба на Балканот, вели Муратовска и објаснува:
Не сме воопшто поволен транспортен центар затоа што имаме спор проток на возила на граничните премини и сите овие странски превозници кои што и немора да поминат низ Македонија не избегнуваат


,,Не сме воопшто поволен транспортен центар затоа што имаме спор проток на возила на граничните премини и сите овие странски превозници кои што и немора да поминат низ Македонија не избегнуваат, тука имаме одредени проблеми и со габаритите, начинот на вадење на дозволи, така што бираат повеќе да одат преку Бугарија, Романија, отколку преку Македонија иако е пократок патот."

Скопје


Застарената патна структура не е единствената пречка за странските транспортери. Македонија се чини е скапа транзитна траса

,,Затоа што се високи цените за следење на возилата, од страна на полциијата што во другите држави е сведено на функцијата на самата држава затоа што тие имаат свои патролни возила на патиштата што се задолжени за безбедност на патот, меѓутоа кај нас се тоа огромни суми кои што ја надминуваат два пати или три пати цената на превозот."

Дали и како земјава ќе ги искористи можностите да се поврзе со автопатните мрежи низ Балканот? Од Министерството за транспорт и врски се недостапни за коментар. Сепак буџетот на оваа институција за годинава е поголем од лани. Исто така, предвидено е зголемување на ивнестициите на Агенцијата за државни патишта за 7.6 проценти. Во Буџетот за 2011 се наведува дека со парите од Европската банка за обнова и развој ќе се финансира изградбата на патиштата дел од Коридорот десет а железничката инфраструктура само ќе се одржува.
XS
SM
MD
LG