Достапни линкови

Ќе излезе ли Велија Рамковски од притвор?


Денеска истекуваат 30-те дена од притворот на сопственикот на А1 телевизија Велија Рамковски и 13-те вработени од фирмите на „Перо Наков“.
Во наредните два дена истражниот судија ќе одлучи дали на дел од нив ќе им го укине притворот, дали ќе им одреди домашен притвор или ќе одлучи сите 14 да останат во истражниот затвор.
Во меѓувреме обвинителството се уште бара и собира докази против нив и ја зголемува листата на сведоци. Неофицијално, како што јави А1, станува збор за вработени од фирмите на „Перо Наков“, но овој пат на листата нема новинари.
XS
SM
MD
LG