Достапни линкови

Во Март македонско грчко соочување во Хаг


Хашки Трибунал

Хашки Трибунал

На 21 март пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг треба да биде одржана усна расправа по тужбата на Македонија против Грција за кршење на Привремена спогодба со попречувањето на македонскиот прием во НАТО на Самитот во Букурешт.
Се очекува пресудата да биде донесена најмногу за шест месеци. Како што пренесе ТВ Телма, датумот уште не е официјално потврден од Судот.
Македонија бара да и наложи на Грција да ги почитува обврските предвидени од спогодбата, која е правно обврзувачка за двете земји. Атина најави дека својата одбрана ќе ја базира врз тоа дека на Самитот во Букурешт немало вето, туку консензус меѓу членките, приемот на Македонија во Алијансата да се одложи до решавањето на спорот за името.
XS
SM
MD
LG