Достапни линкови

Во Тунис тридневна жалост


Протести во Тунис

Протести во Тунис

Од денеска, во Тунис е прогласена тридневна жалост за десетиците луѓе убиени за време на протестите пред и по падот на поранешниот претседател Бен Али. Во соопштението на новата влада се наведува дека сите училишта, универзитети кои беа затворени ќе се отворат во понеделник. Се претпоставува дека најмалку 78 луѓе загинале за време на протестите, велат од Владата. Поранешниот претседател кој на чело на државата беше 23 години, избега во Саудиска Арабија , по неколку неделните протести во земјата поради невработеноста, корупцијата и репресијата. Во меѓувреме Владата на Тунис донесе одлука да им се признае постоењето на забранетите политички групи и да се амнестираат сите политички затвореници.
XS
SM
MD
LG