Достапни линкови

Средба Карзаи -Медведев во Москва


Хамид Карзаи и Дмитри Медведев

Хамид Карзаи и Дмитри Медведев

Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи денеска во Моска треба да се сретне со рускиот претседател Дмитриј Медведев. Предвидено е двајцата претседатели да разговараат за зајакнување на економската соработка , за руското вклучување во обновата на Авганистан, како и за соработката во борбата против дрогата и трговијата со луѓе. Ова е четврта по ред средба на двајцата лидери, но тие за прв пат се среќаваат во Москва.
XS
SM
MD
LG