Достапни линкови

Дневен печат


Macedonia - Newspapers stand, magazines, Skopje, undated
Macedonia - Newspapers stand, magazines, Skopje, undated

Протестот на тутунопроизводителите пред државното Собрание и седницата посветена на проблемите со откупот на тутунот беа веста број еден во медиумите во изминативе денови.

,,Тутунари пред Собрание, земјоделци пред СДСМ,, и дека ,,Тутунарите најавуваат нови протести,, - објави ,,Дневник,,. ,,Нова Македонија,, насловува дека ,,Тутунот ги скара сите, освен откупувачите,, објавувајќи во поднасловот дека тутунот ги разеденил земјоделците, нивните здруженија, експертите и политичарите. ,,Вечер,, објави: ,,Изманипулираните тутунари со дрва и камења по Парламентот,, и: ,,Пред Собрание се виде: Љубе, Селмани и СДСМ глумеа тутунари!,, а ,,Време,, пишува за ,,Психолошки терор врз тутунарите,, и дека атмосферата пред Собранието била тензична.

Паѓа рејтингот на Груевски

Анкетата на Американскиот републикански институт за рејтингот на партиите и на нивните лидери повторно покажува дека секој медиум, во зависност од неговата партиска ориентација на свој начин ги презентира резултатите. ,,Вечер,, насловува дека и според Американците, ВМРО-ДПМНЕ бил скоро дупло пред СДСМ, а ,,Време,, и другите опозициски настроени телевизии дека ,,Паѓа рејтингот на Груевски,, наведувајќи дека на прашањето дали Владата има план за излез од кризата потврдно одговориле 37% од испитаниците, но не било наведено што мислат останатите 63% анкетирани.
Кога сме кај економијата, ,,Дневник,, ги објавува пресметките на Сојузот на стопански комори дека неработењето речиси цел месец поради декемвриските и јануарските празници ја чинат државата 100 милиони евра или 1,6% од годишниот домашен бруто производ.
Истиот весник објави и дека 500 струмичани останале без социјална помош поради тоа што на своите трансакциски добиле одреден паричен надоместок остварен од сезонско аргатување, собирање пластични шишиња и старо железо, или затоа што примиле еднократна парична помош од Општината во износ од две до три илјади денари.

Реконструкција на владата?

,,Утрински,, се занимава со гласиштата дека Груевски се подготвува за реконструкција на својот Кабинет: ,,Груевски се дума кому да му каже збогум,, додека ,,Вечер,, во пет-шест броја објавува делови од мега-интервјуто на премиерот за државната агенција МИА, при што во едно издание како наслов ги вади зборовите на Груевски дека ,,На избори победуваме петпати, ќе победиме и по шести,,.
Додека во другите медиуми случајот ,,Пајажина,, повеќе не се ни спомнува, ,,Време,, и А1 Телевизија продолжуваат со објавување на мислења на правни и на експерти за човечки права за тоа како се води истрагата, при што многубројни биле оние кои сметаат дека власта или не го познава правото или, пак, политиката го гази судството.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG