Достапни линкови

logo-print

Дискриминација на жените уметници


Поглед на Скопје

Поглед на Скопје

29 скулптури, а ниту еден на жена уметник. Мостот на Уметноста ќе го красат споменици на истакнати дејци, сликари, писатели, музичари, пејачи, но меѓу нив не се најде ниту една жена-уметник. Грешка на авторите или немаме жена уметник-достојна да се излие во бронза.

Уметници од Македонија излеани во бронза ќе го красат мостот на уметноста. Дваесетиосум скулптури од по два метри и оној централниот на браќата Миладиновци од три метри. Рамо до рамо само мажи и ниту една жена. Активистите за правата на жените бурно реагираат на ваквите работи, но кога се обидовме да ги прашаме интелектуалците, уметниците,
Прашањето, зошто ги нема, зошто никој не предложил, зошто никој не добил таква идеа, повторно лежи во машкиот принцип на размислување
политичарите на која жена-уметник од Македонија треба да и се направи споменик, е тука веќе наидовме на проблем. Или не им текнуваше, или не сакаа да кажат, со образложение не било фер да се протежираат одредени личности. Дури имаше и интелектуалки, кои велеа дека прво треба да се консултираат со мажот, или пак со лидерот на партијата за тоа која жена уметник од земјава треба да добие споменик.
Претседателката на Друштвото на ликовни уметници Тања Балаќ, која подготвува и докторат на темата „Каде е местото на жените авторки низ историјата“, вели дека проблемот, зошто жените не се застапени, има длабоки корени.
Проблемот е токму во тоа што не знаеме самите себе да се вреднуваме и да се солидализираме една со друга, значи да се потпомагаме, туку како едноставно се она што е женско го бришеме од меморија

,,Прашањето, зошто ги нема, зошто никој не предложил, зошто никој не добил таква идеа, повторно лежи во машкиот принцип на размислување, сето она што одело низ историјата и зошто тие авторки и самите нели се избориле и на тој начин да дојдат до тоа ниво да можат да се занимаваат со тоа што до извесно време не било ниту женска професија."

Писателот и драмски автор Трајче Коцарев вели дека историјата не ни дава многу имиња на жени кои се залужни за културниот живот во земјата. Не дека ги нема, но надвладеал машкиот принцип, објаснува Коцарев.

,,Кај ниту еден од мажите, па неверувам ниту кај жените, дека постои нешто длабоко кај нив или дека тие со себе го носат, па да можат во дадена ситуација јавно да го артикулираат името на жена која што е заслужна во областа на литературата, науката, националната свест итн."

Меѓу бронзените скулптури ќе се најдат и ликовите на Тоше Проевски, Александар Сариевски, Никола Бадев, Лазар Личеновски, Трајко Прокопиев, а ќе има и споменици на албанските културни дејци, Муртези Пеза и Адем Гајтани. Свое место на Мостоt на уметноста ќе најде и познатиот писател за деца Неџати Зекирија, од турска националност.
Пратеничката Флора Кадриу која е член на Собраниската комисијата за култура вели дека тоа што нема споменици на жени ја деградира улогата на жената во развојот на културата во земјата. Но според неа, не е само општеството виновно што жените ги нема, тука виновни се и самите жени кои не се избориле за повеќе место.

,,Проблемот е токму во тоа што не знаеме самите себе да се вреднуваме и да се солидализираме една со друга, значи да се потпомагаме, туку како едноставно се она што е женско го бришеме од меморија."

Мостот на Уметноста или познат уште како Мост на цвеќето е проект на општина Центар.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG