Достапни линкови

Убиени 23 талибанци во Авганистан


Авганистанските владини лица соопштија дека 23 осомничени талибански милитанти биле убиени денеска во операција на авганистанските и странските сили. Според НАТО 10 милитанти загинале во северениот дел на покраината Фарџаб во последниве два дена.
Во меѓувреме 9 милитанти биле убиени при воздушен напад на американските сили во јужниот дел на покраината Забул. Авганистанската војска при операцијата во покраината Нангахар убила 2 бунтовници, а заробила 10, а 2 милитанти загинале и во покраината Кандахар.
XS
SM
MD
LG