Достапни линкови

Владејачката партија на Ердоган со најголем рејтинг во Турција


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Владејачката партија на правдата и развојот на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган би освоила 46,4 насто од гласовите на парламентарните избори во јуни, според анкетата на веснихот Сабах. На второто место е опозициската Народно републиканска партија со 24, 3 насто од гласовите, а Партијата за националистичко движење има подршка од 13,4 насто. Партијата на Ердоган на последните парламентарни избори освои 47 насто од гласовите.
XS
SM
MD
LG