Достапни линкови

Конфузна надворешна политика?


Можно ли е загрозување на позицијата на Македонија на претстојаната средба со медијаторот Нимиц?

Можно ли е загрозување на позицијата на Македонија на претстојаната средба со медијаторот Нимиц?

Според експертите, надворешната политика во однос на прашањето за името е стратешки конфузна и не се движи во вистинска насока.

Македонија ги повлече своите забелешки против предлог амандманот на Боливија во ОН - џвакањето листови од кока да биде легално, а за возврат на тоа беше признаена под уставното име. Потегот што крајно ја зачуди Американската амбасада, за Министерството за надворешни работи бил само алатка со која се дојде до постигнување на дипломатски успех во врска со прашање кое претставува наш највисок национален интерес. Од МНР велат дека ваквите потези не би требало да ја загрозат позицијата на Македонија на претстојната февруарска средба на преговарачите со медијаторот Метју Нимиц.

Во меѓувреме, од кабинетот на претседателот
Овие држави што не признаваат се сосема небитни фактори на меѓународната политичка сцена, овие држави се контроверзни по многу други точки, не можат да повлечат други држави да го направат истото, немаат влијание во светската организација.
Ѓорге Иванов не ја исклучуваат можноста дека на утрешната лидерска средба, меѓудругото, ќе се разговара и за надворешната политика на државата, како и за текот на преговорите за името со Грција.

Министерот Милошоски и медијаторот Нимиц

Според експертите, надворешната политика на земјава не се движи во вистинската насока уште по самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, кога нејзиниот влез го блокираше Грција.

Професор Стево Пендаровски вели дека земјава се наоѓа во стратешка конфузија. Формално не ги менува приоритетите, но во суштина стои во место и не знае кон која страна да гледа, вели Пендаровски:

„Не можеме да одиме таму каде што сакавме да одиме, а нова алтернативна форма на соработка или на интегрирано делување заедно со други држави што би постоело од другата страна на светот на пример на Истокот или во Азија до сега не е пронајдена, ниту е измислена, ниту е пронајдена.“

Признавањето на уставното име на Република Македонија од страна на
Секој ангажман од овој тип мислам дека само ни губи време, ни троши непотребно пари и не ни помага ништо во тој процес кој што за нас е клучен, а тоа е процесот на решение за спорот за името.
Сирија, Зимбабве и Боливија и воспоставувањето на билатерални односи со овој тип на држави не и помагаат на земјава да го реши клучниот процес кон евроинтеграцииите, а тоа е проблемот со името, посочува Теута Арифи, претседател на собраниската комисија за надворешна политика.

„Секој ангажман од овој тип мислам дека само ни губи време, ни троши непотребно пари и не ни помага ништо во тој процес кој што за нас е клучен, а тоа е процесот на решение за спорот за името.“

Слично размислува и Пендаровски.

„Овие држави што не признаваат се сосема небитни фактори на меѓународната политичка сцена, овие држави се контроверзни по многу други точки, не можат да повлечат други држави да го направат истото, немаат влијание во светската организација да кажат, Македонија е во право, да ја подржиме и ако го кажат тоа никој нема да ги слуша.“

Упатените велат дека Македонија е на маргините во регионот Западен Балкан, оти се појавија држави кои станаа поактивни и го презедоа лидерското место, а македонската влада велат тие, не прави ниту минимални обиди да промени нешто во таа насока.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG