Достапни линкови

logo-print

САД и Кина бараат од Северна Кореа да не провоцира


Барак Обама и Ху Џинтао

Барак Обама и Ху Џинтао

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Соединетите држави и Кина ја повикале Северна Кореа да се воздржи од нови провокации и оти сакаат целосно да соработуваат во денуклеаризацијата на Корејскиот полустров. На заедничката прес конференција со кинескиот претседател Ху Џинтао во Вашингтон, Обама изјави дека двајцата лидери го поздравиле намалувањето на тензиите меѓу двете Кореи. Кина се смета за единствена светска сила која има влијание врз Северна Кореа која во минатиот ноември бомбардираше еден остров на Јужна Кореа.
XS
SM
MD
LG