Достапни линкови

Џинтао и Обама разговарале за девизите


Американскиот претседател Барак Обама и неговиот кинески колега Ху Џинтао завршија со разговорите во Белата куќа. Прашањата за девизите биле главна тема на дискусија, јавија новинските агенции. Обама му препорачал на Џинтао воведување на варијабилен курс на кинеската официјална валута. Кинескиот лидер не го коментираше ова прашање иако неодамна тој ги отфрли обвинувањата дека јенот е подценет. За време на середбата меѓу двајцата лидери станало збор и за човековите права. Џинтао осознал дека Кина треба уште многу да работи на ова прашање.
XS
SM
MD
LG