Достапни линкови

Карзаи во Москва ќе преговара за руска нафта


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска треба да пристигне во Москва каде ќе оствари средби со рускиот државен врв. Предвидено е авганистанскиот лидер да разговара за економската соработка со Русија. Како што јавија од канцеларијата на Карзаи, претседателот исто така ќе преговара и за купување на руска нафта, со цел да се избегне иранската блокада во снабдувањето со овој ресурс. Дополнителна тема на разговор ќе биде и борбата со трговијата со наркотици. Авганистан е светски лидер во производството на опиум.

XS
SM
MD
LG