Достапни линкови

Кинеската економија пораснала за 10,3 проценти


Кинеската економија пораснала за 10,3 проценти во 2010 година, покажуваат официјални податоци. Неочекуваниот раст, според кинеските власти, се должи на силните инвестициски циклуси кои ја зголемиле побарувачката, но сето тоа придонело и кон појава на инфлаторни притисоци. Новообјавените податоци покажуиваат дека стапката на инфлација достигнала 4,6 проценти во Декември, со блага промена на цените на храната. Во изминативе неколку недели се јавуваат нови поскапувања на прехрамбените производи, што покажува дека официјален пекинг се уште нема целосна контрола на ценовните притисоци.
XS
SM
MD
LG