Достапни линкови

logo-print

Луначек-Србија ќе мора да го признае Косово за влез во ЕУ


Србија ќе мора да го признае Косово пред да влезе во ЕУ, изјави известувачот на Европскиот Парламент за Косово Улрике Луначек. Според Луначек во европското семејство нема да биде примена ниту една земја која не признава некоја друга, бидејќи унијата ја научила лекцијата со Кипар. Луначек за Радио Дојче Веле изрази надеж дека Србија во декември ќе добие статус на кандидат, но земјата најпрвин треба да исполне некои услови, како што е соработката со Хашкиот трибунал.
XS
SM
MD
LG