Достапни линкови

Иран ги блокира цистерните со гориво за Авганистан


Иранските власти соопштија денеска дека 160 цистерни со гориво за во Авганистан и натаму се блокирани на границата меѓу двете земји, но дека Техеран ќе дозволи во иднина да се транспортира гориво.
Во соопштението на иранската амбасада во Кабул се наведува дека причината за таквиот чекор е поради тоа што авганистанското надлежно министерство не ги пријавило потребите на земјата за гориво и дека наредниот транспорт ќе се одвивал врз база на билатерален договор.
Иран ја започна блокадата во декември.
XS
SM
MD
LG